
Во периодот на студентските денови тренирав бокс во еден клуб во Скопје. Тоа е интересен спорт, тоа е спорт кој не само што ве подготвува добро затоа што за бокс има најтежок тренинг, бидејќи во боксот сте сам. Или сте подготвени или сте на подот.
Ова го вели премиерот Никола Груевски при гостувањето во емисијата „Интервју 20“ на босанската телевизија БХТ, во разговорот со уредничката на емисијата Санела Прашовиќ-Гаџо.
– Јас не сум бил многу на падот, за таму мора многу да се подготвите и затоа има многу тежок тренинг, мора да бидете физички одлично подготвени, тактички подготвени и психолошки добро подготвени. Јас тренирав околу пет години, подоцна прекинав со тој спорт, а сега се занимавам со други спортови. Најчесто играм фудбал, понекогаш ракомет или возење велосипед или нешто друго, но она што од боксот ми остана како помош во мојот развој е што боксот е таков спорт што прво ве учи многу да го респектирате противникот, оној момент кога ќе го потцените противникот во боксот, вие сте на подот. Така е и во политиката – вели Груевски.
Тој додава дека боксот е спорт каде што се учите да издржите и пораз и да се подготвите за следниот пат да победите. Но, морате многу да работите за да победите.
– Во боксот нема живот на стара слава, мора постојано да сте подготвени, постојано да давате сѐ од себе, постојано да сте добри, одлични ако сакате да победувате. Тоа што порано сте биле добар, нема воопшто да ви помогне во оние девет минути на ринг. Таму се учат многу други работи коишто се од психолошка природа не само од спортска, физичка природа. И тоа помага низ животот на секој човек – вели Груевски во интервјуто за БХТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)


