Калиопи, Тијана, Мустафа Имери и „Куку леле“ ќе ја забавуваат публиката која ќе присуствува на скопскиот плоштад за дочекот на Новата 2014 година.
И оваа година Град Скопје со поддршка на Македонски телеком и Т-мобиле Македонија го организираат традиционалниот дочек на Новата година, на плоштадот „Македонија“.
Новогодишниот концерт ќе почне во 21 часот, a се очекува да трае до раните утрински часови. Вистинска кулминација ќе се случи точно на полноќ кога небото над Скопје ќе го осветли спектакуларен огномет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.