Босанската национална телевизија БХРТ одлучи оваа година да не испраќа претставник на „Евровизија“ во Копенхаген.
– Одборот на директори на БХРТ на седница која се одржала во Сараево донеле одлука да не учествуваат на „Евровизија“ во Копенхаген бидејќи не е затворена финансиската конструкција за самофинансирање, како што било планирано. Но, сепак, одборот ќе направи сѐ за да им овозможи на граѓаните на Босна и Херцеговина директен пренос од „Евровизија“ – стои во нивното соопштение.
Финансискиот одбор сметал дека наоѓањето спонзор ќе ги реши сите проблеми, но, сепак, на крајот не излегло како што се очекувало.
Претходно и Србија се откажа од ова натпреварување, исто така поради финансиски проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


