| четврток, 6 декември 2018 |

МВР уапси петмина за инцидентот за време на Вардар-Металург

Vardar - Metalurg seha 2013_014

Полицијата соопшти дека уапсила еден пред, а уште четворица за време на ракометниот натпревар меѓу Вардар и Металург, а во врска со вчерашниот инцидент.

Во нивното соопштение се вели:

„По инцидентот на вчерашниот ракометен натпревар помеѓу РК ”Вардар” и РК “Металург” идентификувани и приведени петмина “навивачи”.

Во врска со вчерашните инциденти на ракометниот натпревар помеѓу екипите на РК “Вардар” и РК “Металург”, идентификувани и приведени се пет лица, сите полнолетни од Скопје. Едно лице е приведено пред започнување на натпреварот додека другите четири лица се приведени за време на самиот натпревар во Спортски центар “Борис Трајковски”.
Пред отпочнувањето на спортскиот натпревар околу 17,15 часот, на ул. ,,8-ми септември “ во близина на базен Борис Трајковски пред започнување на ракометниот натпревар, лицето С.Ѓ.(20) откако предходно конзумирал алкохолни пијалоци го нарушил јавниот ред и мир, омаловажувајќи ги полициските службеници и обраќајки им се со вулгарни и недолични зборови . За време на одигрувањето на меѓународниот спортски натпревар, од страна на навивачката група „Комити“ нарушен е јавниот ред и мир, лицатата откако претходно се довеле под дејство на алкохол, почнале за палат и фрлаат во натпреварувачкиот простор повеќе пиротехнички средства, петарди, метални предмети со што направиле прекршок по чл.3 став 1 точка 5 и 8 од Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревари при што идентификувани и приведени се И.П.(22), А.М.(25), Ј.М.(33) и А.М.(31). На сите пет приведени лица издадени им се платни налози за сторен прекршок.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top