Младиот поп печај Џастин Бибер по кого лудуваат многу девојчиња за време на едно радио интервју во Лос Анџелес најави дека најверојатно ќе се повлече од музичката сцена откако ќе го издаде новиот албум.
На прашањето на водителот да му каже нешто повеќе за новиот албум, Бибер му одговорил – Откако ќе го издадам новиот албум ќе се повлечам. Сакам одмор, така да мислам дека ќе се откажам од музиката.
Пејачот овој потег го објасни како одалечување од славата која веќе не го привлекува и додаде дека секогаш го интересирале само неговите фанови и музиката.
По објавувањето за повлекувањето многу американски медиуми пишуваа дека тој тоа го кажал само да се нашали со водителот, но Бибер се уште не ја демантирал неговата изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.