| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре куќа во Охрид

Изгоре куќа во силен пожар на улицата „Шеста Бригада“ во населбата Црногорци во Охрид, но нема повредени, јавува Охриднет.

Пламените јазици ја изгореле целата покуќнина во спалната и дневната соба. До темел изгорела половина куќа.

– Противпожарната единица од Охрид реагираше веднаш по пријавувањето со две противпожарни возила и седум пожарникари. Пожарот беше навремено локализиран и не беа зафатени соседните куќи – велат за Охриднет од Противпожарната единица Охрид.

Предизвикана е голема материјална штета, а допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top