Изгоре куќа во силен пожар на улицата „Шеста Бригада“ во населбата Црногорци во Охрид, но нема повредени, јавува Охриднет.
Пламените јазици ја изгореле целата покуќнина во спалната и дневната соба. До темел изгорела половина куќа.
– Противпожарната единица од Охрид реагираше веднаш по пријавувањето со две противпожарни возила и седум пожарникари. Пожарот беше навремено локализиран и не беа зафатени соседните куќи – велат за Охриднет од Противпожарната единица Охрид.
Предизвикана е голема материјална штета, а допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


