Во Македонската опера и балет вечерва во 20 часот, премиерно ќе биде изведен мјузиклот „Пенелопе икс“, чиј автор е композиторот Никола Коџабашија. Режијата е на Миа Тајл Хајве од Данска/Велика Британија, визуелизатор е Мирослав Масин, дизајнер на претставата е Луиш Карваљо од Велика Британија, за светло-дизајнот е задолжен Игор Иванов-Изи, додека раскажувач е Венко Андоновски. Авторот на претставата Никола Коџабашија овој пат ќе се појави и во улога на диригент.
Во мјузиклот настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ, додека улогите им се доделени на Весна Гиновска-Илкова, Адем Карага, Николина Јаневска, Срѓан Јанакиевиќ, Андријана Јаневска, Јовица Михајловски, Марија Георгиева, Билјана Пашариковска, Ивана Коцевска, Борко Бичовски, Лидија Кочовска, Зоки Џубокс, Надежда Рубен, Соња Пендовска-Мадевска, Ана Цаневска, Милан Тоциновски и Игор Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.