Рафаел Надал и Серена Вилијамс се тениската бајка на годината, а бројните проблеми со повредите, дури и најавите за предвремено пензионирање, ги преточија во успеси за респект.
Во 2013 година, заедно ги освоија половината од титули на гранслем турнирите (по две), остварија вкупно повеќе од 150 победи, со 21 трофеј комбинирано на турнирите и заработија во тотал цели 25 милиони долари.
Двете големи светски тениски ѕвезди имаа многу проблеми во 2012 година и паузираа долг период. Хроничната повреда на колената го отстрани Надал речиси 7 месеци од тениските турнир, а Серена имаше проблеми со згрутчување на крвта во белите дробови, па и таа беше подложена на хируршка интервенција. Се говереше дека и Надал и помладата од сестрите Вилијамс се на пат за предвремено пензионирање од тенисот, но тие се вратија и апсолутно доминираа на турнирите во 2013 година.
Моментно и Надал и Серена се број 1 на светските тениски листи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.