| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ: ДИК не е подготвена за избирачкиот список

obse dik01 (Custom)ДИК не е подготвена да ја преземе контролата врз избирачкиот список, оцени ОБСЕ/ ОДИХР. Во извештајот забележуваат дека при ажурирањето Комисијата ја користи само евиденцијата која му ја доставуваат институциите, па оттаму е дискутабилно дали тие треба да бидат органот кој ќе ги разрешува недоследностите.

– Личните податоци на избирачите кои ги доставува МВР, се главниот извор кој се користи за изготвување на избирачкиот список, а исправноста на тие податоци директно влијае и на исправноста на избирачките списоци.  ДИК ги нема потребните законски овластувања за да изврши промена на податоците во избирачкиот список кој го доставуваат надлежните институции. Тие треба целосно да ги развијат капацитетите, за да можат да преземат ваква одговорност- вели Зоран Ѓоковиќ од ОБСЕ ОДИХР.

ОБСЕ препорачува редовно да се бара од општините да доставуваат податоци за бројот на новоиздадени лични документи и пријави и одјави на живеалишта. Да се направат законски измени за да се примораат граѓаните да ја пријавуваат промената на живеалиштето, а личните изсрави да се користат само за утврдување на идентитетот на гласачот, додека адресата и не мора да се смета за податок. Според нив, треба да се размисли и за отстранување на условот, гласачите кои постојано живеат во странство, да пријавуваат адреса и живеалиште овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top