Диего Армандо Марадона изненадувачки изјави дека Кристијано Роналдо треба да ја добие „Златната топка“ за најдобар европски фудбалер, а тоа го стори пред патот за Алжир, каде што ќе учествува во шоуто на кое ќе се додели награда за најдобриот играч на оваа земја.
– Кристијано Роналдо би требало да биде победник и добитник на наградата. Меси премногу отсуствуваше поради повреди – изјави Марадона.
Се очекуваше тој да го поддржи сонародникот Меси, но двајцата Аргентинци имаат заладени односи. Со легендарниот Диего на свечената церемонија во Алжир гости ќе бидат и Хавиер Занети, Ривалдо и Пепе Реина.
Изборот на наградата „Балон Дор“ или признанието за најдобар фудбалер за 2013 година е закажан за 13 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.