| четврток, 6 декември 2018 |

Генетски модифицирана „Златна бубамара 17“

Најпопуларната и најочекувана манифестација од нашата поранешна и сегашна земја, „Златна бубамара на популарноста“ го  најавува 17. издание  со  еколошки  монетарен  слоган:  ОД ПАРИ СЕ ЖИВЕЕ  –  НЕ ОД ВОЗДУХ!

Во  третата недела на февруари традиционално, по 17. пат, ќе се одржи спектакуларното доделување во кое организаторот ги обврзува сите посетители и учесници да бидат во текот со времето (современи), да користат голема автоцензура и на настанот да дојдат без своите автомобили.

Zlatna Bubamara 16 2013god (Sasko i Subrata Roj-Kili)

Сашко Коцев и Субрата Рој – Кили
„Златна бубамара 2013“

Чистиот воздух и мирната душа се потреба во секое хумано опшество,  и додека го чекаме тој убав ден, бараме да ќутите, слушате радио и дишете по дома.

Од штабот на популарното радио „Бубамара“  најавуваат дека овој голем медиумски празничен ден повторно ќе биде во знакот на непревидлива сатира, пристоен  хумор,  добра музика и аплаузи за сите добитници, меѓу кои и најголемите македонски и балкански ѕвезди.

– „Златна бубамара“ секогаш во свој препознатлив стил ја прераскажува изминатата година, ја дијагностицира и лекува нашата реалности и опшествена стварност. Во измнинатите години  создававме тематски различни идеолошки бубамари:  затворска, транзициска, европска, романтична, барокна, малерозна, социјалистичка.

Ranko Petrovik 2012 Zlatna Bubamara

Ранко Петровиќ

За оваа година нашата програма  повторно ќе биде – вкусно природно овошје создадено од  овоштарникот на нашите најпопуларни личности и уметници  кој создаваат богатство на  нашата душа – открива Ранко Петровиќ,  автор и режисер на „Златна бубамара на популарноста“.

Билетите ќе се продаваат од 12 јануари преку  МКТИКЕТС.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top