| четврток, 6 декември 2018 |

Еве ги „наместените“ натпревари за кои Гатузо и Броки се под истрага (видео)

За вкупно 5 натпревари Џенаро Гатузо, поранешниот фудбалер на Милан е под сомнение дека се наместени, а под истрага за наводно местење е и неговиот некогашен соиграч Броки. На дел од нив Гатузо и Броки воопшто и не играле, бидејќи се работи и за други екипи.

Првиот меч е меѓу Милан и Лацио од 11 февруари 2011 година, а резултатот беше 0-0.

Следен на ред е дуелот од истиот месец меѓу Милан и Киево, што заврши со победа на „росонерите“ од 2-1. Наводно Гатузо пред мечот контактирал со дефанзивецот на „летечките магариња“ Д`Ано.

Сомнителни се и мечевите меѓу Милан и Бари (1-1), потоа и натпреварот Лацио – Јувентус, што го доби „старата дама“ од Торино со 1-0. Тука Гатузо контактирал со Броки. И на последниот сомнителен меч, како и на претходниот, популарниот Рино воопшто не играл за еден од тимовите, а се судрија Палермо и Интер, а победи аутсајдерот со голот на Иличиќ.

Полицијата веќе имаше истрага во куќата на Гатузо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top