Бундестагот со големо мнозинство и во првиот круг на гласање ја реизбра Ангела Меркел за германски канцелар.
Меркел, за третиот по ред канцеларски мандат, доби поддршка од 462 од вкупно 621-от пратеник кои учествуваа во гласањето. „Против“ се изјаснија 150 пратеници, а воздржани беа деветмина.
Демонхристијаните на Меркел, кои имаат најсилна парламентарна група, располагаат со 311 пратенички места, а нивните коалициски партнери, социјалдеморатите, кои се втора партиска сила, имаат 193 пратеници.
Германија денеска, 86 дена по изборите, што е најдолг период досега, доби Влада на „големата коалиција“ на демохрстијаните и социјалдеморкатите, каква што Меркел веќе предводеше во својот прв мандат.
Германската опозиција во овој состав на Бундестагот има 127 пратеници – од редовите на зелените и на левицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.