| четврток, 6 декември 2018 |

Сараево ја забрани вакцината дитепер откако почина бебе

vakcinaЗаводот за јавно здравје во Сараево издаде налог за привремен прекин на користењето на вакцината дитепер – ИПВ и ХИБ во Федерацијата БиХ откако шестмесечно бебе почина набрзо по вакцинирањето.
Истражните органи водат истрага за смртта на шестмесечното бебе од Лукавица, кај Тузла, кое починало откако примило вакцина дитепер – ИПВ и ХИБ, јави Федералната телевизија (ФТВ).
Обдукцијата на бебето не дала прецизен одговор за причината за смртта, а се чекаат резултатите од испитувањата што ќе потраат десетина дена.
Бебето ја примило третата редовна вакцина во Здравствениот дом во Лукавица, по што вечерта заспало без никакви симптоми дека не му е добро, но веќе не се разбудило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top