| четврток, 6 декември 2018 |

Леонардо ди Каприо: Се гледаме в година

Леонардо ди Каприо на почетокот на годината рече дека би сакал да направи подолга пауза бидејќи снима филмови еденподруг, а некогаш работел и паралелно.

Актерот рече дека е исцрпен поради напорниот распоред и вели дека во 2014 година само ќе одмора.

– Направив три филма за две години и сум сосема исцрпен. Ќе направам поголема пауза пред да се вратам – изјави Ди Каприо.

Тој на почетокот на оваа година глумеше во филмот на Квентин Тарантино „Џанго“, потоа во „Големиот Гетсби“, а сега го промовира неговиот нов филм „Волкот од Волстрит“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top