Селекторот на фудбалската репрезентација Чедомир Јаневски нема забелешки на играта на своите избраници кои ја декласираа Данска.
„Би сакал да им честитам на фудбалерите за победата. Уште првиот ден кога се собравме, се виде голема желба кај нив за да се триумфира на овој меч. Почнавме тактички одлично, знаевме дека Данска ќе сака да ја чува топката во нозе, но ние бевме агресивни и од стартот тргнавме кон противничкиот гол. Уште позадоволен сум што головите беа постигнати од изградени акции, кои ги работевме и на тренинзите пред натпреварот“, изјави по средбата Јаневски.
За наредната средба со Белгија очекува повеќе навивачи на трибините на „Филип Втори“.
Мислам дека фудбалерите заслужуваат полн стадион. Одигравме одлично со Данска, тоа треба да биде покана за фановите да го исполнат стадионот на мечот со Белгија. Верувам дека ќе биде така, наше е да продолжиме да бидеме ангажирани, да работиме напорно, а македонските навивачи знаат да го препознаат квалитетот и сигурен сум дека си ја сакаат својата репрезентација“
Победата е голема но сепак не треба да биде доживеана еуфорично. На квалификацискиот меч со Белгија ќе биде потешко затоа треба да се остане на земја, бара Јаневски.
„Не треба сега да се кренеме во облаци, туку да останеме мирни и да се подготвуваме за квалификациските натпревари со Белгија, бара селекторот и најавува темелна подготовка за Белгија која е најсериозниот кандидат за првото место во нашата квалификациска група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


