Студентите и професорите во четири од своите згради беа евакуирани од елитниот американски универзитет Харвард, откако наводно биле откриени подметнати бомби.
Универзитетот потврди дека се евакуираат четири згради – Научниот центар, Тојер, Север и Емерсон, во кои освен предавални, има и соби за сместување на студентите од прва година.
Полицијата на Бостон, со повеќе специјални единици за откривање експлозив работи низ универзитетот.
Заканата била примена во време на полагање на испити. Во некои од училниците, студентите со аплауз ја поздравиле веста дека испитот се прекинува поради терористичка закана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кои се петте најкорисни физички вежби според научниците на Харвард?
-
„Харвард“ на првото место, Македонија нема претставник на Шангајската листа
-
Творецот на „Фејсбук“ конечно дипломираше, а на својот профил Цукерберг напиша: Мамо, ти реков дека еден ден ќе се вратам дома со диплома!
-
Нова технологија: Отстранување тумор на мозок со помош на ласер


