| четврток, 6 декември 2018 |

Три Албанки и една Босанка фатени во Зајас

prostitution

Во угостителски локал во кичевско Зајас, полицијата уапсила три државјанки на Албанија и една на Босна и Херцеговина со непријавен престој во Македонија. Сите три се протерани и збаранети им е влез во државава.

Тие се откриени вчера кога била вршена контрола во ресторанот„Лиридона“ во село Зајас. Затекнати со непријавен престој се А.Т. (23),  М.У.(40),  Ј.Х. (25) сите од Република Албанија, како и Е.Ш.(38) од Босна и Херцеговина. Поради постоење сомнение дека ги прекршиле одредбите од Законот за странци, поднесена им е прекршочна пријава – парична казна и забрана за влез во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top