Волфганг Шојбле останува министер за финансии на Германија и во новата влада на големата коалиција на конзервативците и социјалдемократите. Канцеларката Ангела Меркел, која во вторник ќе го почне својот трет мандат на чело на водечката европска економија, исто така, соопшти дека досегашната министерка за труд, Урсула фон дер Лајен, ќе стане првата жена која ќе го предводи Министерството за одбрана на Германија.
Во новата влада голем дел од поранешните министри сега ќе раководат во нови сектори.
Досегашниот министер за одбрана Томас де Мезиер го презеде Министерството за внатрешни работи. Досегашниот министер за внатрешни Ханс-Петер Фридрих ќе го презема Министерството за земјоделство.
Херман Грое станува министер за здравство, а Јоана Ванка останува министер за образование.
Вицеканцелар е лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зигмар Габриел. Поранешниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер ќе се врати на функцијате шеф на дипломатијата. Со другите министерства ќе раководат Андреа Налес за труд, Барбара Хендрикс за животна средина, Мануела Швезиг за семејство, Хаико Маас за правда и заштитата на потрошувачите, а Александар Добринт станува министер за транспорт и дигитална инфраструктура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.