Ниту претседателот на Франција, Франсоа Оланд, нити некој друг висок француски претставник нема да присуствуваат на Зимските олимписки игри 2014 година во рускиот град Сочи, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Лоран Фабијус, без објаснување за таквиот чекор.
Во Франција одлуката Зимската олимпијада следната година да се одржи во Русија наиде на критики поради загриженоста за почитувањето на човековите права во таа земја, како и за законот против „хомосексуалната пропаганда“, усвоен во јуни.
Канцеларијата на германскиот претседател, Јоахим Гаук, минатата недела соопшти дека нема да присуствува на Олимпијадата во Сочи, а комесарот на германската Влада за човекои права одлуката на Гаук ја оцени како „прекрасен гест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.