Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагира на изјавата на СДСМ и тврди дека програмата на СДСМ за земјоделството, е всушност памфлет без идеја и визија кој се темели на работи кои или се веќе направени или се во фаза на тековна реализација од страна на владата.
Се прецизира дека рекацијата на СДСМ е веќе видено и слушнато, од оние кои земјоделците ги гледаат како измеќари, а не како достоинствени луѓе.
– Болката на СДСМ се состои во тоа што само за два повици за финансиска поддршка, односно само за две мерки, Владата на Република Македонија одделува повеќе финансиски средства од средствата што СДСМ ги одделуваше за сите земјоделци за една година. Искрено жалиме, што СДСМ продолжува да ја потценува свеста на македонскиот земјоделец и што наместо концепт и издржани предлози од СДСМ повторно гледаме повторување на веќе виденото – се вели во реакцијата.
Жално е, се посочува, што СДСМ мисли дека може да ги манипулира земјоделците.
– Единствено што може да направи за земјоделците е јавно да им се извини за пустошот што го направија во земјоделството додека беа на власт. Земјоделците се тие кои најдобро знаат дека во времето кога СДСМ беше на власт, беа граѓани од втор ред кои секогаш беа омаловажувани и потценувани – се додава во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


