| четврток, 6 декември 2018 |

Загинал тракторист на патот Побожје – Бродец

traktor

Милче П. (42) од Скопје вчера го загубил животот откако управувајќи со трактор на локалниот пат село Побожје – село Бродец, изгубил контрола, излегол надвор од коловозот и се превртел во провалија.
Несреќата се случила вчера, кај месноста „Две реки“. Настраданиот управувал трактор со приколка, без регистарски таблички, а починал на лице место.
Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top