| четврток, 6 декември 2018 |

На денешен ден е роден Нострадамус:еве ги неговите пророштва за наредниве 1.500 години

На денешен ден 1503 година, во Франција е роден Мишел де Нотрдам, или попознат како Нострадамус. Тој бил аптекар и почитуван јасновидец, кој отпечатил колекција на пророштва, кои брзо станале познати во светот. Најпознат е по неговите „Пророштва“ (Les Propheties), првото издание кое се појавило во 1555 година, објавува порталот „Факултети“.
Уште од раната младост имал голема склоност кон астрономијата и астрологијата. Неговиот дедо го вовел во овие науки, а го запознал и со Кабалата.
Во 1555 година, на 52-годишна возраст, Нострадамус ја објавува својата прва книга центурии. Печатена е во Лион под наслов „Пророштвата на мајсторот Мишел Нострадамус“. Веднаш по излегување оваа книга доживеала голем успех. Во дворецот на Хенрих II не се зборувало за ништо друго освен за пророкот од Провенса. Сите сакале да се запознаат со него, но најзначајна била поканата од кралот Хенрих II и Катерина Медичи, со која станале големи пријатели.
Алманахот и книгите кои ги пишувал Нострадамус доживеале таков успех, што почнале да се издаваат секакви книги под негово име, настанла забуна, а Нострадамус огорчен се затворил дома, не примал никого и работел. Во 1558 година го издал второто проширено издание на своите центурии, кое го посветил на кралот Хенрих II, и му напишал едно опширно писмо во кое се вели:
-Можев во секој катрен да го напишам точното време на настаните, но тоа не би им се допаднало на сите. Затоа сè запишувам шифрирано, а не едноставно пророчки.
Во крати црти следат мрачните предвидувања на Нострадамус за наредниве 1500 години:

2014 – Поголемиот дел од луѓето ќе страдаат од чирови, рак на кожата и други кожни болести (последици од хемискатвојна)

2016 – Европа ќе биде речиси без население

2018 – Кина ќе стане нова светска велесила. Земјите во развој од експлоатирани ќе се претворат во експлоататори.

2023 – Малку ќе се измени орбитата на Земјата.

2025 – Европа се уште ќе биде малку населена.

2028 – Ќе се создаде нов извор на енергија (најверојатно ова ќе биде контролирана термонуклеарна фузија). Гладот постепено ќе се надмине. Ќе стартува вселенски брод кон Венера управуван од човек.

2033 – Поларните луѓе тонат. Се зголемува нивото на Светските океани.

2043 – Светската економија ќе процвета. Европа ја водат муслиманите.

2046 – Ќе може да се пресадуваат сите органи. Замената на органите ќе стане еден од најдобрите методи на лечење.

2066 – За време на нападот на муслиманскиот Рим, САД применуваат нов вид на оружје – климатско. Нагло застудува.

2076 – Блескаво општество (комунизам)

2084 – Обновување на природата

2088 – Нова болест – стареење за неколку секунди!!!

2097 – Брзото стареење е победено.

2100 – Вештачко “Сонце” ќе ја осветлува темната страна на Земјата.

2111 – Луѓето ќе станат киборзи (живи роботи)

2123 – Војни меѓу мали области. Државите нема да се вмешаат.

2125 – Во Унгарија ќе пристигнат сигнали од вселената

2130 – Колонии под вода

2164 – Животните се претвараат во полулуѓе

2167 – Нова религија.

2170 – Голема суша.

2183 – Колонијата на Марс ќе стане нуклеарна сила и ќе побара независност од Земјата (како на времето САД од Англија)

2187 – Ќе се запре ерупцијата на 2 големи вулкани.

2195 – Морските колонии целосно ќе снабдуваат и со енергија и со храна.

2196 – Целосно мешање на азијатите и европејците.

2201 – Термонуклеарниот процес на сонцето забавува. Ќе застуди.

2221 – Во потрага по вонземјани, човештвото стапува во контакт со нешто ужасно.

2256 – Вселенски брод ќе донесе на земјата нова страшна болест.

2262 – Постепено се менуваат орбитите на планетите. На Марс му се заканува комета.

2271 – Повторно ќе бидат изменети физичките “константи”

2273 – Мешање на жолтата, белата и црната раса. Нови раси.

2279 – “Енергија од ништо” (веројатно од вакуум или од “црните дупки”)

2288 – Патување во времето. Нови контакти со вонземјани.

2291 – Сонцето се гаси. Ќе се преземат обиди за да се запали пак.

2296 – Се изменува силата на тежата. Почнуваат да паѓаат старите вселенски бродови и станици.

2299 – Во Франција – партизанско движење против исламот.

2302 – Ќе бидат откриени нови важни закони и тајни на Вселената.

2304 – Ќе биде откриена е тајната на месечината

2341 – Нешто страшно се приближува кон од вселената кон Земјата.

2354 – Хаварија од едно од вештачките Сонца доведува до суша.

2370 – Голем глад

2378 – Нова раса што брзо се развива.

2480 – Ќе има 2 вештачки Сонца. Земјата е во самрак.

3005 – Војна на Марс. Ќе се наруши траекторијата на планетите.

3797 – Во ова време на земјата ќе загине сé живо, но човештвото ќе најде сили за нов живот во друг ѕвезден систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top