Вчера 76-годишниот Ј.Ф. пријавил дека на 7-ми овој месец непознато лице предизвикало пожар во црквичката „Света Петка“ во селото Велмевци, кичевско. Во пожарот изгорени биле 2-3 икони и опожарена била внатрешноста на црквата.
Вчера, пак, штипската полиција добила пријава дека во периодот од 13.11. до 13.12, засега непознат сторител насилно влегол во црквата во село Долани и од иконите одзел метални монети во вредност од 1000 денари. Потоа извршил пребарување во олтарот и конаците, но не одзел ништо, по што избегал.
Се работи на расчистување на двата инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


