| четврток, 6 декември 2018 |

Запалена црква во кичевско, ограбена во штипско

Вчера 76-годишниот Ј.Ф. пријавил дека на 7-ми овој месец непознато лице  предизвикало пожар во црквичката „Света Петка“ во селото Велмевци, кичевско.  Во пожарот изгорени биле 2-3 икони и опожарена била внатрешноста на црквата.

Вчера, пак, штипската полиција добила пријава дека во периодот од 13.11. до 13.12, засега непознат сторител насилно влегол во црквата во село Долани и од иконите одзел метални монети во вредност од 1000 денари. Потоа извршил пребарување во олтарот и конаците, но не одзел ништо, по што избегал.

Се работи на расчистување на двата инциденти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top