| четврток, 6 декември 2018 |

Шмајхел го брани Мојес: На дел од играчите не им е гајле за Јунајтед

Легендата на Манчестер јунајтед, Питер Шмајхел, го брани актуелниот тренер на „црвените ѓаволи“ Дејвид Мојес и тврди дека во сегашниот состав на повеќекратниот англиски шампион има 5-6 играчи на кои не им е гајле за гигантот.

„Мојес треба да реагира и да ослободи дел од играчите. Има неколкумина што не играат добро во континуитет, и се однесуваат како да не им е гајле за Манчестер јунајтед. За да бидете член на овој тим треба да исполнувате високи критериуми и да сте горд што сте дел од клубот“, изјави Шмајхел.

Мојес тешко се снаоѓа, откако летоска го замени Сер Алекс Фергусон, а Манчестер игра бледо и се наоѓа на деветтата позиција во Премиерлигата. По 15 кола, Јунајтед има 22 бода, дури 13 помалку од лидерот Арсенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top