| четврток, 6 декември 2018 |

Торта од ќебапчиња

торта од ќебапи

Кој вели дека вистински ќебапчиња се само оние во лепче, со кромид и со кајмак? Ова е еден малку поинаков рецепт за торта, од ќебапчиња, вистинско уживање за гурманите.

Состојки:

2 кг ќебапчиња

2 средни компири

20о грама изрендано сирење

3 јајца

100 грама солена хопла за готвење

100 грама младо сирење или маскарпоне

зачини: сол, бибер, слатка павлака, мелен лук,

Подготовка:

Наредете еден ред ќебапчиња на дното на калапот во кој ќе ја печете „тортата“. Потоа остатокот од ќебапчињата наредете ги околу во калапот. Преливот ќе го ставите во средина. Направете го преливот густ бидејќи ќебапчињата ќе пуштат доволно течност за влажност на тортата.

По печењето, сставете ја тортата да се олади. Колку е поладна толку е повкусна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top