Неверојатна коинциденција, односно игра на броеви се случи на мечот од 6. коло во Лигата на шампиони меѓу екипите на Галатасарај и Јувентус. Тимот од Истанбул славеше со резултат од 1-0, а со тоа го елиминираше италијанскиот шампион од ова натпреварување.
Единствениот гол на тој натпревар го постигна Холанѓанецот Весли Снајдер, кој на неговиот дрес го носи бројот 10, натпреварот се одигра на 11.12.13. година во 14.15 часот за пласман меѓу 16 најдобри европски клубови, а ова беше негов 17. погодок на натпреварите во Лигата на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.