| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,8 проценти, за СДСМ 14,7 проценти

anketa

Владејачката ВМРО ДПМНЕ сѐ уште е најпопуларната партија меѓу граѓаните со 24,8 проценти доверба кај гласачите, додека СДСМ има поддршка од 14,7 проценти, покажува најновата анкета на јавното мислење спроведена од Институтот „Димитрија Чуповски“ во периодот од 7 до 9 декември годинава. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1115 испитаници, а анкетираните одговарале на прашањето „Доколку се одржат парламентарни избори за која политичка партија би го дале вашиот глас?“

Од албанскиот политички блок, ДУИ има сѐ уште најголема поддршка со 8 проценти, а ДПА 4,3 проценти.

За ГРОМ на Стевчо Јакимовски позитивно се изјасниле 1,4 процент од анкетираните, а за Алијансата за позитивна Македонија на Зиков, Бучковски и Јорданов 0,4 проценти.

 

  • ВМРО-ДПМНЕ 24,8 %
  • СДСМ 14.7%
  • ДУИ 8%
  • ДПА 4.3%
  • ГРОМ (на Стевчо Јакимовски) 1.4%
  • Алијанса за позитивна Македонија 0.4%
  • Ниедна 15.4%
  • Друга 5%
  • Не знам/немам одговор 26%

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top