Белгија ќе пушти во продажба нова поштенски марки кои ќе ги израдуваат љубителите на чоколадото во целиот свет, пренесуваат светските агенции.
Од белгиската пошта соопштија дека кон лепилото на марките е додаден вкус на чоколадо. Освен тоа марките мирисаат на чоколадо.
На создавањето на вкусот и аромата на поштенските марки работеле специјалисти од Белгија, Германија, Холандија и Швајцарија. Целта била вкусот да е близок до оној на темното чоколадо.
-Ова не е првата поштенска марка со вкус, но е прва која има и мирис- велат од белгиската пошта.
Серијата од пет поштенски марки ќе чини 6,20 евра и ќе биде пуштена во продажба на 25 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.