| четврток, 6 декември 2018 |

Белгија ќе пушти поштенски марки со вкус на чоколадо

1351155128682557Белгија ќе пушти во продажба нова поштенски марки кои ќе ги израдуваат љубителите на чоколадото во целиот свет, пренесуваат светските агенции.
Од белгиската пошта соопштија дека кон лепилото на марките е додаден вкус на чоколадо. Освен тоа марките мирисаат на чоколадо.

На создавањето на вкусот и аромата на поштенските марки работеле специјалисти од Белгија, Германија, Холандија и Швајцарија. Целта била вкусот да е близок до оној на темното чоколадо.
-Ова не е првата поштенска марка со вкус, но е прва која има и мирис- велат од белгиската пошта.

Серијата од пет поштенски марки ќе чини 6,20 евра и ќе биде пуштена во продажба на 25 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top