Минијатурна поштенска марка претставена како „најпозната на свет“ била пуштена во промет во 19 век од поранешната Британска Гвајана, а на аукција во Њујорк е продадена за 9,5 милиони долари. Вредноста на единствениот примерок на One-Cent Magenta е проценета на меѓу 10 и 20 милиони долари, далеку над сегашниот рекорд од 2,2, милиони долари исплатени за поштенска марка, но на аукцијата достигна цена од само 9,5 милиони долари.
Почетната цена на поштенската марка била 4,5 милиони долари, а биле потребни само две минути за да заврши во сопственост на анонимен купувач кој својата понуда ја дал преку телефон.
– Марката е продадена за 9,5 милиони долари, што ја прави најскапа марка во светот – изјавил Давид Реден, од аукциската куќа „Сотби“.
Претходниот рекорд го носеше марката позната како Treskilling Yellow, која во 1996 година била купена за 2,2 милиона долари.
Продадената поштенска марка е единствениот примерок од One-Cent Magenta, а ја открил 12-годишно момче од Шкотска кое живеело во Јужна Америка и тоа уште во 1873 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени
-
Промовирана поштенска марка „Деца со ретки болести“