| четврток, 6 декември 2018 |

Черноморец славеше над ПСВ и помина во следната фаза

Познати се првите три од шесте екипи кои ќе поминаа во следната фаза во Лигата на Европа. Черноморец, Свонси и словенечки Марибор се тимовите кои успеаја да стигнат до вторите позиции во Групите А, Б и Д.

ПСВ пред своите навивачи загуби од Черноморец со 0-1 во директниот натпревар за пласман во следната рунда натпревари од Групата Б. Украинците славеа по голот на Џа Џеџе во 59.минута.

Од Групата А патник понатаму е Свонси и покрај поразот од Сент Гален, со оглед на тоа што Кубањ не успеа да слави против Валенсија.

Од Групата Д, пак, Марибор победи против Виган со 2-1, па откако Цулте Варегем загуби пред своите навивачи од Рубин Казањ, Словенците се тие кои се израдуваат на пласман понатаму.

ЛИГА НА ЕВРОПА – 6.КОЛО:

ГРУПА А

Сент Гален – Свонси    1-0

Валенсија – Кубањ       1-1

ТАБЕЛА: Валенсија 13 бода, Свонси 8, Кубањ 6, Сент Гален 6.

ГРУПА Б

Динамо З – Лудогорец 1-2

ПСВ – Черноморец      0-1

ТАБЕЛА: Лудогорец 16 бода, Черноморец 10, ПСВ 7, Динамо З. 1 бод.

ГРУПА Ц

Салцбург – Есбјерг      3-0

Стандард – Елфсборг 1-3

ТАБЕЛА: Салцбург 18 бода, Есбјерг 12, Елфсборг 4, Стандард 1 бод.

ГРУПА Д

Марибор – Виган         2-1

Ц. Варегем – Рубин Казањ       0-2

ТАБЕЛА: Рубин Казањ 14 бода, Марибор 7, Цулте Варегем 7, Виган 5 бода.

ГРУПА Е

Фиорентина – Дњипро 2-1

Пандури – П. Фереира 0-0

ТАБЕЛА: Фиорентина 16 бода, Дњипро 12, П. Фереира 3, Пандури 2 бода.

ГРУПА Ф

Ајнтрахт Ф – АПОЕЛ    2-0

Макаби Тел Авив – Бордо        1-0

ТАБЕЛА: Ајнтрахт Ф. 15 бода, Макаби 11, АПОЕЛ 5, Бордо 3 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top