| четврток, 6 декември 2018 |

Туреманија ја тресе Велика Британија, фудбалерите Коло и Јаја Туре главен хит (видео)

Двајцата браќа Туре, Коло и Јаја, кои се големи фудбалски ѕвезди, станаа вистински хит во Велика Британија на сосема необичен начин. Тие се репрезентативци на Брегот на Слоновата Коска и заедно играат за Манчестер сити, но во овој случај приказната не е фудбалска, туку е поврзана со музиката.

Група студенти од Република Ирска сосема спонтано почнаа да ги скандираат имињата на Коло и Јаја Туре, во ритамот на познатата песна „No Limits“ на групата „То анлимитет“. По првата снимка што излезе како масовен перформанс на улична забава, заразата почна да се шири на островот и интересниот микс стана вистински хит.

Туреманијата се прошири во Њукасл, Бирмингам, по дискотеките и клубовите, а се очекува наскоро да ги мине границите на Велика Британија и да се прошири низ Европа. Можеби и во Македонија за време на новогодишните празници ќе се скандира во чест на Коло и Јаја Туре во ритамот на „No Limits“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top