| четврток, 6 декември 2018 |

„Final Fight“ спектакл во Скопје!

Македонската публика ќе биде сведок на спектакл на повеќе боречки вештини. Она што досега сме го гледале само на телевизија ќе имаме можност да го следиме во живо во салата Борис Трајковски. Не очекува целовечерен спектакл на борби во разни категории.

Шлаг на вечерта е борбата На Рико Родригез со Несторас Батцелас од Грција. Рико Родригез е американец кој е поранешен UFC шампион и кој во балканста јавност е познат по тоа што тренираше заедно со Мирко Филиповиќ или познатиот „Cro Cop“.

Mirko-Filipovic1

Мирко Филиповиќ ќе биде специјален гостин на овој настан. Како што ни кажа неговиот менаџер Зовко Орсаг, Мирко многу ретко патува кога нема борби се реши да дојде во Македонија да биде во аголот и да му помогне на неговиот голем пријател Родригез Рико. Мирко Филиповиќ се очекува да простигне во четврток во нашиот главен град.

Слободан Кајмаковски и Иван Ристевски се борци од Македонија кои ќе настапат на овој боречки супер настан. Тие ќе се борат против хрватот Тео Микелиќ и гостинот од Албанија Шкодран Весели. Вреди да истакне и настапот на уште еден дуел а тоа е оној на Руштем Крешник со хрватскито тешкаш Дино Белошевиќ.

Настанот ќе биде пренесувам во голем број на земји и токму поради тоа ова претставува ретка можност ваков меч да се проследи во живо. Картите за овој настан може да ги купите преку продажната мреже на Купи Карти за се. Повеќе за самиот настан на официјалната страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top