Познатиот хрватски кикбоксер и Уфц-борец Мирко Филиповиќ објави крај на кариерата на три недели пред неговиот јубилеен 80.меч. Крокап требаше да се бори во Сеул со Ентони Хамилтон, но се откажа поради преголеми болки, а тоа го натера најголемиот хрватски борец на сите времиња да објави крајот на својата професионална кариера.
Тој преку фејсбук профилот се обрати до своите подржувачи и навивачи со цел да го објасни неговото повлекување. Филиповиќ против Хамилтон требаше да ја има 80. професионална борба. Како што вели, не жали, поради тоа што има постигнато многу, но сега е време да каже – доста е!
– Драги пријатели, за жал морам да се откажам од борбата во Сеул. Веќе на почетокот на подготовките ме боли рамото при подигање на раката. Се обидов на сите можни начини, со секојдневно терапии и инјекции од крвна плазма, разни коктели од лекови… Единствениот лек ќе биде пауза од две до три недели, што не можам да си го дозволам среде последните подготовки. Со тренинзите повредата само се влоши. Пукна дел од мускулот, рамото има многу течност и постои голема опасност тетивата да се скине, а потоа повторно би морал на операција. Тоа не ми треба, особено на оваа возраст. Летото го поминав патувајќи во Минхен на терапии со еден од најпознатитр доктори за хронично воспаление на тетивите кои ме болат ужасно кога седам, а десното колено 4 пати го оперирав. Сега и рамото, грбот… Секогаш кога одам на магнетне резонанца, што и да се снима, извештајот почнува со ‘дегенеративни промени’, но тоа е цената што мора да се плати. Луѓето, се разбира, ја гледаат само од едната страна на медалот – материјалното, а за страста, болката, солзите и крвта никој не прашува и не се грижи. Но, тоа е така во животот. Сега е два часот наутро, а јас не можам да заспијам, замислен, целата кариера ми е пред очите. Јас сум свесен дека сум дошол до крајот на својот боречки стаж. Но не сакам да тренирам со болки. Моето тело е истрошено со безброј тренинзи, девет операции, телото стана склоно кон повреди. По секој тренинг ставав мраз на коленото кое поради операциите беше полно со течност, примав терапија двапати неделно. Следниот борбата ќе беше 80-та, мислам дека е многу. Особено во оваа конкуренција – K-1, прајд, ИГФ, УФЦ. Најголем проблем ќе биде адаптација на мојот “цивилен” живот. Ќе нема два тренинга дневно и вечното патување низ светот, што нема да ми падне толку тешко. Ќе тренирам додека сим жив, тоа е мојот живот, но не со ова темпо… Порано или подоцна ќе дојде време кога човек мора да мисли на здравјето. Имав навистина долга и богата кариера, верувам дека оставив длабок белег во боречки вештини, а за кои јас не се каам. Голема благодарност на сите што ме следеа и ме поддржуваа, ми останаа убави сеќавања и спомени… Поздрав! – објави Филиповиќ.
Најпознатиот хрватски полицаец ја започна својата кариера пред 19 години како кикбоксер, а во 2001 година потпиша за јапонската конкуренција „Прајд“ каде во 2006 година ја освои титулата во финалето против Џош Барнет. Откако ја освои титулата. Филиповиќ отиде во САД, во познатиот УФЦ (ултимејт-фајт) во кој ја завршува кариерата.
Секако една од најдобрите негови борби е против Русинот Фједор Емелианенко според многумина најдобриот борец во светот на сите времиња, но борбата што се одржа во Токио, ја загуби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.