| четврток, 6 декември 2018 |

850 килограми марихуана запленети во Драч

Албанската полиција запленила 850 килограми марихуана во Драч, што требало да бидат прошверцувани во Италија, јавува МИА.

Дрогата, која била сокриена меѓу кутии со чорапи натоварени на камион, е откриена при рутинска котрола, пред испловување на траект што сообраќа на релација Драч-Бари.

При акцијата е уапсен возачот на камионот, кој е жител на Тирана.

Во одделна акција албанската полиција на патниот правец Поградец – Корча запленила уште 53,8 килограми марихуана. Дрогата била спакувана во 50 пакетчиња и скриена во багажник на автомобил марка „алфа ромео“.

Италијанската полиција, пак, во две одделни акции уапсила 22-годишен Албанец во чиј автомобил марка „опел вектра сингнум“ пронашла 5,7 килограми хероин вреден 150.000 евра, како и 40-годишен албански државјанин со десет грама кокаин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top