Албанската полиција запленила 850 килограми марихуана во Драч, што требало да бидат прошверцувани во Италија, јавува МИА.
Дрогата, која била сокриена меѓу кутии со чорапи натоварени на камион, е откриена при рутинска котрола, пред испловување на траект што сообраќа на релација Драч-Бари.
При акцијата е уапсен возачот на камионот, кој е жител на Тирана.
Во одделна акција албанската полиција на патниот правец Поградец – Корча запленила уште 53,8 килограми марихуана. Дрогата била спакувана во 50 пакетчиња и скриена во багажник на автомобил марка „алфа ромео“.
Италијанската полиција, пак, во две одделни акции уапсила 22-годишен Албанец во чиј автомобил марка „опел вектра сингнум“ пронашла 5,7 килограми хероин вреден 150.000 евра, како и 40-годишен албански државјанин со десет грама кокаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.