| четврток, 6 декември 2018 |

Снајдер го однесе Галатасарај во осминафиналето

Екипата на Галатасарај обезбеди пласман во осминафиналето откако холандскиот фудбалер Весли Снајдер со гол во 85. минута го елиминираше Јувентус.

Мечот меѓу Галатасарај и Јувентус беше прекинат синоќа поради ненормалните временски услови, ова беше трето одложување кога станува збор за натпреварите во Истанбул меѓу овие два тима.

Галатасарај со оваа победа обезбеди осминафинале во ЛШ и им се придружи на Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Олимпијакос, Баер Леверкузен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top