| четврток, 6 декември 2018 |

Во јануари нов состав на Лустрациска комисија

lustracijaВо јануари истекува мандатот на составот на Комисијата за верификација на факти, а претседателот на собраниската комисија за избори и именувања Илија Димовски најави дека денеска до собранискиот спикер ќе го достави предлогот за распишување конкурс за пријавување на кандидати за нови 11 члена на Лустрациската комисија. Тие треба да бидат избрани до 15-ти јануари. Томе Аџиев претседател на Комисијата неколку мандати размислува повторно да се кандидира. Денеска беа верификувани оставките на Благоја Гешковски и Јанакие Витановски, членови на комисијата кои цела година не учествуваа во нејзината работа. Извршниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски рече дека партијата воопшто нема да кандидираат свои членови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top