| четврток, 6 декември 2018 |

Сопруга и љубовница се степале за затвореник

stefan_tuca-zena1Женска тепачка пред затворот во Сараево. Полиција морала да интервенира да раздели двете жени пред затворската капија. Босанските медиуми известуваат дека еден од затворениците требало да излезе на слобода, кога пред вратата се сретнале и неговата сопруга и неговата љубовница. Двете жени започнале вербална расправија која кулминирала во тепачка, при што затворските чувари и полицијата морале да интервенираат.

Сопругата и се доближила на љубовницата и и удрила шлаканица. Потоа двете жени започнале да се кубат, а потоа си размениле и неколку удари. Настанал вистински хаос пред затворот.

Засега не е познато дали мажот излегол на слобода и со која од жените си отишол дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top