| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо бара голови, лек се Фалкао, Левандовски или Суарес

Жозе Мурињо е незадоволен од напаѓачите во Челси, а лондончани, односно Роман Абрамовиќ ќе мора да го одврзат кесето и да купат врвен стрелец, можеби и двајца во зимскиот преоден рок. Радамел Фалкао, Роберт Левандовски и Луис Суарес се на врвот на листата со желби на португалскиот стратег во Челси. Операцијата во зимскиот преоден рок да се доведе барем еден од овие напаѓачи ќе биде тешка мисија, но Абрамовиќ има пари за да ги реализира желбите на Мурињо.

Проблем во зима е што трансфер пазарот не е толку активен, се вртат помалку пари за ангажман на квалитетни играчи, поради договорите на фудбалерите, кои инсистираат да бидат слободни налето.

Суарес одамна најави дека сака да си замине од Ливерпул, Фалкао летоска потпиша за Монако, но и тој е незадоволен во Франција, а Левандовски кој е член на Борусија Дортмунд сигурно ќе си замине со најава дека најблиску до ангажман на полскиот репрезентативец е Баерн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top