| четврток, 6 декември 2018 |

Кака посакува јубилеен гол против Ајакс

Во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони, Милан на „Сан сиро“ ќе го дочека Ајакс, каде што мора да победи доколку сака да обезбеди пласман во нокаут- фазата.

Бразилецот Рикардо Кака, кој по не толку успешната епизода во Реал Мадрид се врати во Милан, полека се враќа во старата форма, а против тимот на Ајакс го чека неговиот јубиларен стоти гол за „росонерите“.

– Нема да биде лесно против Ајакс, нѐ чека сериозен натпревар во кој мораме да победиме. Ќе биде одлично ако в среда го постигнам јубилејниот стоти гол во дресот на Милан, би било голема чест за мене – рече Кака.

Кака, кој е најдобар бразилски стрелец во историјата на ЛШ, досега одигра 282 натпревара и постигна 99 гола за Милан.

На табелата во групата Х моментално води тимот на Барселона со 10 бода, Милан е втор со два помалку, Ајакс заостанува три бода од Барселона, додека, пак, Селтик е последен во групата и е без шанси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top