Тројца од село Русиново, Беровско жестоко претепале соселанец само затоа што одбил да ги превезе со неговиот автомобил.
Поради тоа полициската станица во Берово поднела кривична пријава за В.М.(20), Д.М.(18) и А.Џ.(27), сите од село Русиново, Беровско, за сторено кривично дело насилство.
На 22.11.2013 година, пријавените пресретнале лице од Берово, кој бил заедно со својата девојка во патничко возило, и побарале превоз од него, а откако истиот одбил да ги превезе, пријавените физички го нападнале и му нанеле видливи повреди. Повредениот од Медицинскиот центар во Кочани поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.