| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемиот огномет за Нова година ќе биде во Дубаи

dubai

Небото над Дубаи во ноќта на 31 декември ќе биде осветлено со многу импресивни огномети, така што овој град ќе биде еден од најинтересните дестинации за дочек на Новата година.

Во фокусот ќе бидат знаменитостите на градот, вклучувајќи ја и најголемата зграда на светот Бурј Калиф. Планирано е спектакуларно шоу долж брегот на Дубаи, а огнометот треба да трае 20 минути.

Организаторите се оптимисти дека на тој начин ќе го покажат успехот на Обединетите Арапски Емирати, а спектаклот е планирано да го собори светскиот рекорд кога станува збор за најголем огонмет во светот, пренесуваат арапските медиуми.

Се најавува дека дочекот на Новата година во Дубаи овојпат ќе остане во сеќавање на сите жители и посетители, а Дубаи на овој начин ќе ја одбележи многу успешната година која се заокружи со добивање на организацијата на светската изложба „Експо 2020“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top