| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан братот на Парис Хилтон, за нападот ја обвинува Линдзи Лохан

Барон Хилтон, помладиот брат на американската старлета, Парис Хилтон, викендов бил претепан во клуб во Мајами, а за нападот ја обвинува актерката Линдзи Лохан.

Тој на својот „Инстаграм“ профил поставил фотографија на која се гледа неговото повредено лице.

Според порталот ТМЗ, по момчето дошла Итна помош но тој ја одбил и во болница заминал со својот автомобил.

Барон Хилтон ја обвинил Линдзи Лохан дека е личноста која стои зад нападот, но не открил поради кој причини.

Неговата сестра, Парис Хилтон, видно се вознемирила кога ја слушнала веста и изјавила дека „никој не се зафркава со нејзиното семејство, а притоа да не пројде неказнето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top