фото: Курир
Во населбата Циглана каде викендов избувна пожар во кој настрадаа домовите на над 20тина семејства и над 120 жители, помош однесоа и од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Унијата на млади сили заедно со претседателот Владимир Нелоски ги посети семејствата, чии домови изгореа и во рамките на своите можности на семејствата им донирааа облека, прехранбени продукти и други основни намирници кои во моментов им се потребни.
Во пресрет на хуманата мисија, Владимир Нелоски истакна дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на своите можности се потруди да помогне на луѓето кои ги загубија своите домови исполнувајќи ја својата општествена одговорност.
Воедно Нелоски упати апел до сите млади луѓе да бидат хумани и да помогнат во ваквите ситуации, бидејќи она што за нив е малку, за некого е се кога му е најпотребно.
Ваквата поддршка на семејствата на кои им беа опожарени куќите е и повеќе од значајна. Во пожарот беа целосно изгорени 20тина куќи на улица Македонско-косовска бригада, а без дом останаа 120тина жители.
Привремено сместување на жители им е обезбедено од Министерството за труд и социјална политика, а Градот Скопје им донираше над 1.5 милион денари.
Исто така и општина Бутел заедно со Советот најави дека ќе обезбеди средства за помош на семејствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.