| четврток, 6 декември 2018 |

Штип: Изложени моштите на светецот Алимпие Стоплник

800px-Uspenie_na_Presveta_Bogorodica_-_Novo_Selo_01Денеска во новоселската црква во Штип, пред верниците ќе бидат изложени моштите на светецот Алимпие Стоплник. Традиционално долги години наназад на овој празник се изнесуваат неговите мошти во црквата Успение на пресвета Богородица.

За среќа, берикет и напредок во семејство се поклонуваат верниците пред моштите. Се верува дека секој што со вера ќе пристапи кон нив, ќе добие духовно исцелување.

Речиси сите цркви поседуваат мошти од некој светител. Освен во новоселската црква мошти од Свети Алимпие Столпник има и во манастирот Кутламуш во Света Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top