Што се нема да им истекне на луѓе за заработка. Притоа некогаш не се почитува ниту смртта.
Обожувачите на неодамна загинатиот Пол Вокер го извреѓаа анонимниот продавач кој на И-беј огласи парчиња од дрвото во кое се „забија“ Вокер и Роџер Родас со поршето. парче дрво продавал за 90 долари. По нападите од јавноста, огласот е повлечен.
Но тоа не е единствениот пример. Дури и двајцата млади кои од камионот со кој се пренесувале остатоците од автомобилот, успеале да украдат делови од неговиот кров, но бидејќи биле забележани, полицијата ги фатила.
Јавноста сега гласно дебатира- го „изеде“ ли економскиот аспект за време на кризата емоционалното и човечкото?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


